Јапонија погодена од силен земјотрес

 


Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди утрово централниот дел на Јапонија, но не е издадено предупредување за цунами, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.

Епицентарот на земјотресот е на полуостровот Ното, кој веќе беше погоден од силен земјотрес на 1 јануари во кој загинаа 230 лица. Според телевизијата NHK, локалните власти соопштија дека засега не е забележана материјална штета.

Афтершок со јачина од 4,8 степени се случи 10 минути по првиот земјотрес.

Јапонија често доживува земјотреси, а во обид да ги ограничи нивните последици, применува исклучително строги правила за градба.

Катастрофата во Фукушима во март 2011 година, по разорниот земјотрес и цунамито кои следеа и ја оштетија нуклеарната централа, се уште е длабоко запаметена кај населението.

03.06.2024 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега