Јаревски: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче - ВМРО-ДПМНЕ става крај на штетната практика
„Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија на Филипче, мафијата на смртта нема да полни џебови од екстра профити. Со години во време на СДС Онкологија набавувала лекови на реверс од др. ПАНОВСКИ, за потоа да ги враќа истите откако ќе им намести и даде тендер“, вели Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Со години омилената веледрогерија на Филипче и СДС направија маѓепсан круг од кој тешко се излегува, а штета имаа пациентите и буџетот.
Сега кога владата на ВМРО-ДПМНЕ реши да стави крај на таквата практика која креира загуби за системот, и СДС и нивната омилена веледрогерија со сите сили напаѓаа во надеж дека ќе си продолжат како до сега.
Нема веќе како до сега, ниту ќе постојат реверси, ниту ќе постојат екстра профити на мафијата на смртта.
ФЗОМ го решава проблемот кој го остави СДС за профит на поединци. ЈО да не биде нем набљудувач на состојбите, туку да го истражи случајот до крај“, соопшти Тони Јаревски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа