Јелена Розга живее во страв: Поради писмо побарала дополнително обезбедување

 

Јелена Розга наводно веќе никаде не оди без обезбедување.

Според медиумите, пејачката неодамна на вратата од хотелската соба во која престојувала пронашла писмо кое ја вознемирило, па ега стравувала за својот живот.

-Јелена доби писменце на кое пишуваше нешто што многу ја вознемири. Таа не сакаше никому, па ни на својот менаџер да открие што пишува и зошто е вознемирена и под стрес. Таа само побара да се привлече вниманието на организаторите и дека сака да има поголем круг на обезбедување околу себе, дури рече дека ќе плати луѓе само за да се засили кога ќе дојде на настап, вели извор на хрватските медиуми.

Ова не е прв ваков шок за неа. Откако пред неколку години еден обожавател ја следел низ Сплит и навечер дошол на вратата од нејзиниот стан, таа морала се да пријави во полиција и да побара полициска заштита.

-Јелена од тогаш живее во страв за нејзиниот живот. Ова навистина ја потресе! Иако сите инсистираа таа да им каже за што се работи, таа само рече дека се е во ред, изјави за Стар извор близок до пејачката.

Додал дека изгледа навистина се плаши дека некој би ја повредил, но се уште не е познато од која причина.

26.07.2023 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега