ЈП „Градски паркинг“-Скопје од утре со ново работно време


Утре почнува летното сметање на работното време на јавните паркинзи со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ Скопје.

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува граѓаните дека од 01.06.2024 (сабота) започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува претпријатието.

Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде:

- Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот.

 

Исто така од ЈП Градски паркинг-Скопје апелираат до сите корисници на паркинг услугите да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време.

 

31.05.2024 - 20:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега