Јужна Кореја: Наставничка избодела 8-годишно дете, го признала делото
Наставничка (40) избодела до смрт осумгодишно девојче во основно училиште во Јужна Кореја.
Девојчето вчера било пронајдено со убодни рани на вториот кат од училишната зграда, а наставничката го признала делото.
Вршителот на должноста претседател на Јужна Кореја, Чои Санг-мок нареди истрага за случајот и ги повика властите да ги спроведат неопходните мерки за да се осигураат дека такви инциденти никогаш повеќе нема да се случат.
На 9 декември, наставничката побарала 6-месечен одмор, наведувајќи ја депресијата како причина. Меѓутоа, таа се вратила на училиште само 20 дена откако лекарот ја оценил способна за работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа