К-15 годинава 41.000 денари: Вработените во маркет во Македонија добија одлични вести

 

Вработени во КАМ маркетите годинава ќе добијат К-15 41.000 денари, соопштија од компанијата. 

Компанијата КАМ од мај годинава ја зголеми платата на вработените во маркетите во просек за 22 отсто.

 

Вработените добиваат регрес за годишен одмор, кој е речиси три пати поголем од законски предвидениот и секоја следна година е повисок од претходната. На вработените за 2022 им е исплатен К-15 во износ од 33.000 денари, за 2023 во износ од 37.600, а, за 2024 е планирано зголемување за 10 отсто, односно 41.000 денари. Покрај тоа, КАМ финансиски ја наградува и успешноста на одредени вработени и сектори кои оствариле извонредни разултати во текот на годината, како мотивација и поттик и за останатите членови на тимот, велат од компанијата.

27.06.2024 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега