Кацарска: Предмети кои застаруваат прават огромен трошок на македонскиот буџет
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека со измените на Кривичниот законик многу предмети ќе застарат, а тоа ќе донесе и огромен трошок во буџетот на Македонија.
„Пстојат постапки кои се водат со години и години, и кога ќе има застарување, тоа оди на трошок на буџетот, затоа често пати истото го коментирам, а и првично изјавата која ја давав реков дека ако имавме пресуди за некои предмети, навистина се прашувам дачи ќе имаше и вакви измени на Кривичен законик. Не знам колку обвинети се во прашање и колку предмети се, затоа што ги знам само моите предмети, но ако е вистина она што го кажуваат медиумите дека 80 лица ќе бидат ослободени, односно ќе има констатација на застареност, тоа се големи парични средства. Се работи за тешки предмети, има голем број на обвинети по 70-80, повеќе кривични дела се опфатени во тие предмети, и обвинетите имаа по два, па и повеќе адвокати, тоа се верувајте големи трошоци, и затоа судиите се должни да работат професионално и чесно и мора да бидат експедитивни“, рече Кацарска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа