Каде е најскап, а каде најевтин животот во Европа?
Цените на добрата за широка потрошувачка и услугите во државите членки на Европската унија доста се разликуваат, покажуваат податоците на Еуростат.
Животот е најскап во Швајцарија, а земјите од ЕУ, тоа е Данска, која има највисоко ниво на цен, дури 141 отсто над просекот во Унијата. Следни се Ирска и Луксембург со 136 проценти, и Финска со 126 отсто.
Најниско ниво на цени се бележи во Русија – 55 отсто од просекот на ЕУ, потоа Бугарија со 56 и Полска со 58 проценти.
Резултатите се засновани на истражување на цените на повеќе од 2.000 различни добра за широка употреба и услуги и е спроведено во 37 европски земји кои учествуваат во програмата на Еуростат – ОЕЦД Паритети на куповната моќ.
Нивото на цени за ресторани и хотели во 2020 година била за три пати повисока во најскапите земји, отколку во најевтините. Цените се движеле од 46 од просекот во ЕУ во Бугарија, 53 во Романија и 56 во Будимпешта до 154 проценти во Данкса, потоа, 138 во Швајцарија и 131 во Финска.
Алкохолот и тутунот се на второто место по разлики во нивото на цена, со најниско ниво забележано во Бугарија, 61 отсто, Унгарија 69 и Полска од 70, а највисока во Ирска од 187 проценти. Потоа следува Финска со 158, Шведска 136 и Франција со 133 проценти.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа