Кадриески заминува на лекување во Бугарија
Копретседателот на бугарското здружение „Шемето“ во Струга, Бекир Кадриески, заминува за Бугарија, објави „360 Степени“.
Ова следува откако во изјава за Бугарската национална телевизија (БНТ) претходно денеска најави дека сака да го продолжи своето лекување во Бугарија, со образложение дека откако беше претепан во Струга не го добил соодветниот третман од лекарите во струшката болница.
Копретседателот на бугарското здружение ќе биде пренесен на Воено-медицинската академија (ВМА) во Бугарија.
Тој, како што пренесе БНТ, тврдел оти се плаши за својот живот.
Кадриески е државјанин на Северна Македонија. Тој нема бугарски пасош, тврди дека има бугарски идентитет.
Случајот со Бекир Кадриески потсетува на инцидентот со претседателот на, сега веќе згаснатиот бугарски клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков. Пендиков беше претепан на 19 јануари пред кафе-бар во Охрид, по што со бугарски владин авион експресно беше пренесен на лекување во Софија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа