Каевски: Опозицијата да застане на страната на граѓаните или да ги врати платите од Собранието

Опозицијата во Собранието не се откажува од блокадите и деструкциите, свесно и намерно кочи се што е во интерес на граѓаните, во интерес на државата и нејзиниот развој, истакна денеска пратеникот на СДСМ Дарко Каевски.

„Видовме дека на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса воопшто не им е важно тоа што илјадници граѓани чекаат државна помош која токму тие ја блокираат, а слушнавме и како некои пратеници бесрамно и безобразно им порачуваат на граѓаните да се стрпеле некој месец без плата.Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Левица и Алијанса свесно сакаат Собранието да не функционира, свесно да предизвикуваат штети врз граѓаните и државата“, рече Каевски.

Според Каевски, доколку веќе решиле да се однесуваат така, ред е и да ја вратат платата што ја добиваат од граѓаните, од Собранието, затоа што како што рече, не си ја работат својата работа, не работат за интересите на граѓаните кои ги гласале и кои преку Буџетот ги плаќаат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.03.2021 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега