Како да ослабете во рекорден рок без гладување - руски експерт го откри правилниот начин
Доктор Бубновски учел многу за нутриција и диети, а често и самиот тој пробувал разни диети (дури и изгубил рекордни 36 килограми за 3 месеца, што значи дека месечно губел и до 12 килограми). По сето тоа дошол до заклучок дека диетата може да донесе само нервоза (нарушување на сонот, раздразливост и слично).
Потоа, пробал да живее по правилото на Антон Чехов кој еднаш запишал:
„Станувам гладен од маса, што значи дека сум јадел. Станувам сит од маса, што значи дека сум се прејал. А ако сум се прејал, значи дека сум се отрул!“
Така тој заклучил дека здравото тело има здрава тежина!
Секако дека многу зависи и од начинот на живот. Ако сте спортски тип на личност, шетате, скијате, џогирате и пливате, вие ќе го одржувате телото здраво (зглобовите ќе ви бидат еластични, а телото издржливо).
Поради тоа, докторот верува дека квалитетно губење килограми, без губење мускулна маса може да се постигне со комбинација на разни вежби, истегнување, како и балансирана исхрана.
Што се однесува до вежбањето, неговиот предлог е следниов:
Пешачење: одете 2 часа со брзина од 6 до 8 километри на час.
Џогирање: доволно е 20-30 минути, но отчукувањата на срцето да не ви надминуваат 140-150 отчукувања по минута.
Нордиско пешачење од 3 до 5 километри дневно.
Пливање без застанување барем еден и пол или два километра.
Според него, диетата од каков било вид (со исклучок на таа за дијабетичари или срцево болни, или диета по операција) е штетна, бидејќи прво губите мускулна маса, па дури потоа почнуваат полека да исчезнуваат маснотиите.
Поради тоа, неопходно е да се храните правилно за да не дојде до одредени болести, што предизвикуваат и неухранетост.
Правила за добра исхрана според доктор Бубновски:
1. Јадете природна храна што не е обработена: овошје и зеленчук, јаткасто овошје, јајца, житарки, риба, млеко, сирење, зајачко и пилешко месо.
2. Одбегнувајте конзервирани производи.
3. Приготвувајте јадења што содржат само 2 до 3 различни состојки – хранете се едноставно и ќе доживеете стотка.
4. Одбегнувајте сол и шеќер, заменете ги со зачини. Солта заменете ја со сок од лимон или со соја-сос, а шеќерот со овошје или со мед.
5. Одбегнувајте алкохол, особено со јадење. Виното и водата, консумирани заедно со храната, се акумулираат во дигестивниот тракт и ги раствораат ензимите неопходни за разработка на храната. Ако испиете чај по јадење, тоа ќе доведе до дебелеење. Наместо десерт, подобро е да изедете лубеница или јаболко.
6. Престанете да пиете кафе и ќе видите како ќе бидете полни со енергија. Забуната настанува кога ќе испиеме кафе и ќе добиеме наплив на енергија, но по неколку часа чувствуваме слабост и главоболка. Слични симптоми имаат и наркоманите кога кризираат од дрога.
Што се однесува до водата: треба да пиете најмалку 3 литри вода дневно (12 чаши). На пример, докторот претпочита да пие вода наутро, пред вежбање и тоа се нарекува внатрешно туширање. Потоа пие вода веднаш по вежбање, пред бањање или час и половина до два после јадење.
Според него, мора да пиеме многу вода. Составени сме од вода и што почесто ја менуваме тоа подобро ќе се чувствува нашето тело.
Не пие и не препорачува пијалаци од конзерва, како ни газирани пијалаци. Најдобро е да се пие вода од извор или од бунар (ако знаете дека е чист), а оние што страдаат од остеопороза и болести на зглобовите мораат да го почитуваат ова правило ако сакаат да се излечат.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа