Како лош сон: 16-годишна тинејџерка од Филипини „остарела“ преку ноќ: -„Не можам да се помирам со својата состојба“
16-годишната Филипинка Раизел Калаго била мисица во неколку наврати, но пред една година започнале нејзините проблеми.
Тогаш практично преку ноќ започнала да забележува брчки на кожата. Многу брзо „остарела“ неколку децении, а иако сè уште посетува средно училиште, кога ќе се појави на улица сите мислат дека има 50-тина години.
„Сè уште сум млада, а изгледам како старица и морам да се помирам со тоа. Луѓето често мислат дека сум постара од мојата мајка која е изразито младолика“, вели Раизел чија мајка има 36 години.
„Промените започнаа да се случуваат прво во вид на осип под вратот и лицето кој болеше на допир. Потоа, кога осипот се повлекуваше, остануваа брчки. Ги посетивме сите можни лекари, но никој немаше поим што ми се случува“, вели Филипинката.
Конечно во еден момент дошле во контакт со експерт кој го открил изворот на нејзиниот проблем - станува збор за екстремно ретко нарушување наречено прогерија или Хачинсон-Гилфорд синдром кој се одликува со пребрзо стареење на организмот додека менталниот развој соодветстува на вистинската возраст.
„Бидејќи сè се случуваше за време на пандемијата, носев маска и ми беше малку полесно. Не можам да се помирам со својата состојба, срам ми е да излегувам и затоа и понатаму носам маска и не планирам да ја тргнам. Самодовербата потполно ми се изгуби и се плашам дека никогаш нема да можам да го вратам својот некогашен изглед“, објаснила тинејџерката.
„Моментално на светот има околу 200 дијагностицирани случаи на прогерија. За оваа болест сè уште нема лек и допрва се истражува истата“, вели д-р Џејмс Јанг кој ѝ ја идентификувал болеста на Раизел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа