Како Марија Шерифовиќ одби да ѝ биде ментор на трансродова натпреваруачка: Јас сум сѐ што ти не си

 

Српската пејачка Марија Шерифовиќ, која долги години е составен дел од жирито на шоуто „Ѕвезде Гранда“, одби да биде ментор на првата трансродова натпреварувачка која се појави во ова шоу.

Имено, последната емисија од регионалната емисија ја одбележа првото појавување на трансродовата личност, поточно Алина Јухарт од Словенија, која веќе неколку месеци живее во Белград.

Алина ги изведе песните „Паметна и луда“ од Марија Шерифовиќ и „Лажу те“ на бендот Амадеус, а само нејзиното претставување привлече големо внимание кај јавноста, но и самото жири.

Членовите, со исклучок на Драган Стојковиќ Босанац, и дадоа шест гласа за да продолжи понатаму, а пејачката потоа имаше можност да го избере својот ментор – велејќи дека нејзиното „срце кажува“ дека тоа треба да биде Марија Шерифовиќ.

Сепак, српската пејачка ја одби.

„Алина, мојот глас за тебе вечерва има многу поголема тежина од гласот што ти го дадов затоа што убаво пееше. Ова е глас за храбра и решителна девојка, за слободна личност која има право да сака како што сака, бидејќи никој не може да ти го ускрати тоа право. Но јас не сум добар ментор за тебе затоа што не можам да ги поднесам тие „танана“ чувства, тоа го правам нервозно, гласно, грубо и не би можела да се справам со некој што реагира нежно кон тоа. Ми се чини дека си личност со нежни чувства. А јас сум се што ти не си. Добредојде“, им објасни Шерифовиќ на присутните.

На крајот Алина за свој ментор ја избра Цеца.

17.11.2022 - 20:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега