Како најдобро и најлесно да испечете пиле: Однадвор крцкаво, однатре меко и сочно
Вистинскиот семеен ручек секогаш асоцира на печено пиле. За да го подготвите ова се намирниците кои ви требаат.
Состојки:
1 поголемо пиле
100 мл мајонез
2 лажици доматно пире
лук во гранули
малку бибер
сол
масло
Приготвување:
Расечете го пилето малку со нож и пресечете го на половина од долната страна, каде што има бело месо. Добро посолете го. Во чинија сипете мајонез, додајте доматно пире, бибер, лук, масло и измешајте убаво.
Добро премачкајте го пилето од сите страни. Најдобро е да го печете пилето на решетки, каде што може убаво да се исцеди. Покријте го со алуминиумска фолија и држете го така цело време за на печењето. Печете на 220 степени Целзиусови околу еден час и десет минути за да зарумени убаво. Уживајте!
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа