Какво време не очекува наредните денови?
Времето денеска сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Попладне претежно во северните и источните делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 29 степени. Времето и метеоролошки параметри за Скопје: сончево и топло со мала до умерена облачност поголема од пладневните часови и со умерен ветер од северозападен правец. T= 27 °C, P= 982 hPa, U= 44 %, V= 4 m/s.
УХМР најавува дека ноќта кон недела ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и услови за локална појава на невреме. Во понеделник краткотрајно условите за нестабилност ќе се намалат, а од вторник во попладневните часови повторно ќе има појава на нестабилност со променлив интензитет со пороен дожд и грмежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа