Какво ќе биде времето утре и во следните денови?

 

Утре наутро постудено време, преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец.

Утринската температура ќе се движи од 2 до 11 степени, а дневната од 19 до 27 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време со температура до 25 степени.

Во текот на оваа седмица во утринските часови по котлините ќе има ниска облачност, а во текот на денот насекаде ќе преовладува претежно стабилно и релативно топло време.

Во среда и петок ќе има услови за локален дожд и ретки грмежи. Утринските температури утре изутрина ќе бидат пониски, а потоа и утринските и дневните ќе бидат во пораст.

07.10.2024 - 23:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега