Какво време не очекува за време на претстојниот викенд?

До крајот на денот ќе се намалува облачноста и во текот на ноќта ќе биде претежно ведро. Ветерот ќе намалува со интензитет. Понекаде долж Повардарието ќе дува најмногу умерен северен ветер.

Времето утре претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени. UV=9

Во Скопје сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во следните денови ќе преовладува сончево време со постепен пораст на температурата. Во почетокот на следната седмица повторно ќе дува умерен до засилен северен ветер.

26.07.2024 - 19:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега