Калфин: Софија и Скопје да ја смират ситуацијата и да го сменат однесувањето

 
Ситуацијата во бугарско-македонските односи треба да се промени во двата правца - Бугарија да престане да се заканува и да мафта со прст, а Северна Македонија да престане со провокациите, смета поранешниот бугарски вицепремиер и министер за надворешни работи Ивајло Калфин.
 
- Треба да размислиме како можеме да живееме како соседи, а не како земји во конфликт... Трајно треба да се смени однесувањето од двете страни на границата. Ние не треба постoјaно да мафтаме со прстот и да се закануваме со вето, а од нивна страна постојано да се прават некои провокации, туку да се работи нa решенија за спорните прашања - како да се отворат границите, како луѓето да патуват, да се намалат провокациите,..., изјави Калфин за БНР.
 
Според него, правата на луѓето треба да бидат во центарот на она што го прави Бугарија. Посочува дека проблем предизвикуваат и иритирачките изјави на некои политичари, но и имињата на бугарските клубови во Северна Македонија.
 
- Изјавите на некои бугарски политичари кои се обидуваат уште малку да си ја продолжат политичката кариера - дека Република Северна Македонија ја нема и не постои, не помагаат. Не треба да се заборави и дека културните клубови во РСМ се именувани по личности кои очигледно спорни и иритирачки за нивната јавност, вели Калфин.
06.02.2023 - 16:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега