Канада подготви закон – Google и Meta ќе мора да плаќаат на медиуми за содржина

Канадскиот парламент денеска усвои закон со кој ќе се бара од Google и Meta да им плаќаат на медиумите за вестите што ги споделуваат или на друг начин ги користат на нивните платформи, објави канадскиот јавен сервис CTV News.

Сенатот го изгласа законот и сега се чека на кралска согласност, односно одобрение од генералната гувернерка на Канада, Мери Сајмон, која треба да го потпише законот.

Отава, која вели дека законот создава рамноправни услови за игра помеѓу гигантот за онлајн рекламирање и индустријата за вести што се намалува, сега чека да види дали Google и Meta ќе одговорат со отстранување на новинарските информации од нивните платформи во Канада.

22.06.2023 - 22:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега