Кандидата го уништува организмот и имунитетот - направете напиток и засекогаш ослободете се од неа
Ако имате проблеми со постојаните габични инфекции, без оглед дали во устата или на кожата, или пак во интимниот дел, обидете се со овој едноставен народен рецепт да го решите проблемот, а сите состојки кои се потребни за неговата подготовка сигурни сме дека ги имате во кујната.
Кандидата е микрогаба од родот на квасците. Повеќето од овие габи живеат во симбиоза со човекот, но ако дојдат до погрешно место можат да предизвикаат инфекција.
Најчестиот случај на инфекција е кандидијазата која предизвикува „Candida albicans“, една од габите од родот на кандида. Оваа микрогаба вообичаено се наоѓа на кожата, во интестиналниот и гениталниот тракт, устата и грлото.
До инфекција, односно, прекумерно размножување и ширење на габата доаѓа кога од одредени причини е нарушена рамнотежата меѓу габата и бактериската флора која го регулира нејзиното размножување.
Ако имате проблеми со кандидата, ви претставуваме еден едноставен рецепт за решение на овој проблем, а сите состојки за ова ефикасно средство против кандида ги имате во вашата кујна.
Потребни ви се: 1 чаша јогурт, 2 чешниња лук, 1 морков, половина лажица ѓумбир, половина лажица цимет.
Подготовка: изрендајте го морковот, лукот и ѓумбирот и додадете ги во јогуртот. Додадете го и циметот и добро промешајте. Оставете ја смесата малку да отстои и јадете ја како салата еднаш дневно.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа