Канје Вест се ожени: По разводот со Ким, фатен со жешка русокоса и венчален прстен на раката
Извор близок до парот откри дека неговата избраничка е Бјанка Ценсори, дизајнерка на неговиот бренд „Yeezy“.
Само два месеци откако официјално се разведе од Ким Кардашијан, Канје Вест повторно се ожени, пишува „TMZ“.
Извор близок до парот откри дека неговата избраничка е Бјанка Ценсори, дизајнерка на неговиот бренд „Yeezy“.
Раперот неодамна беше фотографиран со неа, а оттогаш се шпекулира дека се во врска. До неодамна беше бринета, но сега ја скрати косата и ја обои русо.
Изворот вели дека Канје одржал прослава за да ја официјализира врската со Бјанка, но дека бракот не е легален.
Сепак, тој и се обраќа како сопруга и носи прстен за да ја симболизира неговата посветеност кон неа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа