Каракачанов ги дигна и српските медиуми на нозе: Врање и Ниш во Бугарија на мапата што ја објави

 

Српските медиуми објавуваат дека бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачов во осмомартовската честитка на мапата во „Голема Бугарија“ се и Врање и Ниш.

„Со скандалозната честитка за 8 Март, вицепремиерот на Бугарија Красимир Каракачанов предизвика гнев во регионот, и уште еднаш ги покажа иредентистичките тенденции на партијата на која и припаѓа, ВМРО-БНД. На позадината на честитката што ја објави во име на неговата партија ВМРО-БНД, покрај стилизираната фигура на жена со дете и зборовите „традиција, семејство, вредности“, јасно се гледа и мапата на Голема Бугарија“, пишува „Новости“ појаснувајќи дека на таа мапа во рамки на Бугарија се цела територија на Македонија, делови од Грција и српски градови како Ниш и Врање.

„Овој концепт датира од 19 век и се предвидуваше дека овие територии ќе бидат окупирани од независна Бугарија. Сепак, тие граници останаа само неостварен сон на Софија, освен кратките периоди од Првата и Втората светска војна, кога беа извршени злосторства на окупираните територии, чија крајна цел беше бугаризирање на населението“, наведува весникот.

Српски „Спутник“ пишува дека мапата предизвикала гнев во регионот. Со тоа Каракачанов уште еднаш ги објавил иредентистичките тенденции на партијата на која ѝ припаѓа.

Минатиот месец, Каракачанов ги нарече Србите „окупатори“ на Македонија и се побуни за наводното зајакнување на српското културно влијание во нашата земја. 

Честит празник!

Posted by Красимир Каракачанов on Sunday, 7 March 2021

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.03.2021 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега