Кардиолог: 23-годишник дојде со срцев удар, не бев подготвен за тоа

 

„Има многу луѓе кои се погодени од магнетни бури. Ние сме дел од овој универзум и сè што не опкружува влијае на нас. Таквите пациенти имаат палпитации, срцева аритмија и висок крвен притисок“, изјави кардиологот д-р Танер Шахин за Нова ТВ. Топлината, вели докторот, ја чувствува и постариот дел од населението. Д-р Шахин препорача да се земаат повеќе течности на топло време.

Кардиологот додаде дека со падот на температурите и скратувањето на денот се зголемува анксиозноста кај луѓето, а со тоа и знаците на исхемична болест. Тој ги потенцираше предностите што ги нудат новите технологии во следењето на здравствената состојба на пациентите. „Многу луѓе ми носат податоци од електрокардиограми земени од нивните часовници“, призна докторот.

30.12.2024 - 23:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега