Катарина тешко дека ќе и го прости ова на Анастасија – пејачката направи голема грешка

 

Катарина Грујиќ и Марко Гобељиќ се венчаа во храмот Свети Сава, а приредија гламурозна забава во хотел во главниот град.

Катарина а и Марко во август минатата година направија граѓанска венчавка, а сега организираа црковна венчавка и веселба за своите 500 гости.

Меѓу првите на свадбата дојдоа Зорица Брунцлик и Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, а потоа Мирка Васиљевиќ и Вујадин Савиќ, Злата Петровиќ, Тамара Милутиновиќ, Светлана и Анастасија Ражнатовиќ и многу други.

Многумина забележаа дека Анастасија се облекла во бело, иако постои правило дека ниту една жена не смее да биде во бело на свадбите, освен невестата.

 

Катарина за својата венчавка избрала луксузна венчаница која чинела околу 20.000 евра, а носела дијамантскo ланче од накит.

02.06.2022 - 20:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега