Кавадарчанец малтретирал малолетна девојка пред кафана

 

Полициски службеници во 00:10 часот денеска го лишиле од слобода С.Р., 42-годишен кавадарчанец, постапувајќи по претходна пријава од 43-годишен татко од Кавадарци, дека во близина на угостителски објект во градот, на неговата малолетна ќерка, С.Р. најпрво не ѝ дозволувал да замине и ја повлекол кон себе, а откако се оттргнала ѝ се заканувал, информираат од Секторот за внатрешни работи - Велес.

С.Р. бил задржан во полициска станица. Како што појаснуваат од СВР - Велес, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

11.08.2025 - 11:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега