Казнет Хрват оти му рекол на полицаец дека и овца е попаметна од него

 

51-годишен Хрват од Славонија, судот го прогласи за виновен оти на 22 октомври минатата година во писмена претставка му напишал на полицаец дека „и овца е попаметна од него“. Судот оцени дека обвинетиот сторил прекршок од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир со омаловажување и навреда на полициски службеник при вршење на службената должност и изречена му е глоба од 19,91 евра, пишува Глас Славоније.

Казната треба да ја плати во рок од 30 дена од приемот на пресудата, а доколку во наведениот рок плати две третини од глобата која изнесува 13,27 евра, ќе се смета дека казната е целосно платена.

Во својата писмена одбрана, обвинетиот признал дека во писмената претставка против постапувањето на полицијата, меѓу другото напишал дека „овца е попаметна“ од еден од полицајците. Но, се бранел дека не сакал да го навреди полицаецот, посочувајќи дека е свесен за тежината на полициската работа бидејќи и неговиот вујко е полицаец.

Тој тврдеше дека наведената навреда ја напишал во афект бидејќи бил разочаран и вознемирен од начинот на кој полицијата се однесувала кон него. Тој побара од судот да му прости или барем да му ја намали казната бидејќи е во пензија и има мали примања. Судот утврди дека обвинетиот во изминатите три години не бил казнет за прекршок.

12.03.2023 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега