Казнети 38 возачи за непрописно вградени фолии

 Вкупно 38 возачи се казнети во акциска контрола на МВР спроведена на територија на цела држава во периодот од 30 јануари до 5 февруари 2023 година.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, акцијата е за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

-Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, се вели во соопштението од МВР. 

06.02.2023 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега