Кејт Мидлтон гневна поради исмејувањето со Џорџ- најверојатно нема да објави роденденска фотографија

 

Војвотката од Кембриџ, наводно, е толку вознемирена од критиките кон принцот Џорџ што можеби оваа година нема да објави официјална фотографија од неговиот роденден, тврди кралски експерт.

Малиот принц ќе наполни осум години во четврток (22 јули), а војводата и војвотката од Кембриџ традиционално ги одбележуваат родендените на своите деца објавувајќи фотографии од нив. Обично се гледа како младите кралски лица се забавуваат со разни игри и возење велосипеди, пренесува „Мирор“.

Џорџ неколку пати беше на стадионот Вембли за натпреварите на Англија во текот на ЕУРО 2020 и доби негативни коментари на социјалните мрежи затоа што носеше костум и вратоврска како неговиот татко.

Кралската биографка Анџела Левин тврди дека ваквото исмевање со нивниот син може да ги натера Вилијам и Кејт да не објават нова фотографија од него.

„Постојат гласини дека можеби нема да ја видиме фотографијата на принцот Џорџ кога тој ќе полни осум години, бидејќи тие биле толку вознемирени од грубоста на луѓето кои се потсмеваат на мало момче на возраст од седум години,“ рече Левин во емисијата The Royal Beat.

Кралската дописничка на „Сандеј тајмс“, Роја Ника, не се согласи со мислењето на Анџела. „Мислам дека ќе објават барем една фотографија,“ рече таа.

Уште еден кралски експерт, Роберт Џобсон претходно изјави дека принцот Џорџ ќе го држат подалеку од очите на јавноста откако беше мета на сурови тролови на Твитер.

Макфакс

19.07.2021 - 09:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега