Кејт Мос покажа како треба да изгледа жена на 48 години

 

Таа е една од иконите на модните писти од 90-тите.

А во четвртокот супермоделот Кејт Мос (48) докажа дека сè уште има магија кога ќе се појави на гала-настан.

Сите погледи беа вперени во Кејт кога пристигна на црвениот тепих на синоќешната гала The Prince’s Trust во Њујорк, облечена во црн фустан.

Домаќин на годишниот настан е легендарниот музичар Лајонел Ричи и има цел да собере средства за хуманитарната организација The Prince’s Trust, која обезбедува поддршка за ранливите млади луѓе во светот.

29.04.2022 - 23:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега