Кевин Дурент оди во Бостон?
Американскиот кошаркар Кевин Дурент има план да го напушти Бруклин, се поврзува со неколку франшизи, а не е исклучена можноста да се пресели во Бостон Селтикс.
Како што јави НБА инсајдерот, Адријан Војнаровски, преговорите меѓу Бруклин и Бостон се започнати.
Оваа вест е вистинско изненадување бидејќи не се очекуваше Селтикси да бидат претерано заинтересирани за услугите на „скапиот“ Кеј-Ди.
Војнаровски наведува дека тимот од Масачусетс не е поблиску до договор со Бруклин за Дурент од другите тимови, но има можност во трејдот да го вклучи Џејлен Браун, што дополнително би го интересирало генералниот менаџер Шон Маркс.
Дурент, неодамна побара трејд, но Бруклин за него бара играчи и пикови што никој не планира да ги плати.
Доколку дојде до трејд меѓу Селтикс и Нетс, се очекува во Бруклин да замине Џејлен Браун, најмалку три незаштитени пикови од првата рунда, најмалку две можности за размена и потенцијално уште неколку талентирани играчи.
Покрај Бостон, пишува Војнаровски, Мајами, Феникс и Торонто се меѓу најконкретните во преговорите за Дурент.
Триесет и тригодишниот Дурент минатата сезона имаше просек од 29,9 поени, 7,4 скока и 6,4 асистенции по натпревар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа