Кинеската вакцина против Ковид 19 е ефикасна во 78 отсто од случаите

 

Вакцината против ковид-19 на кинеската компанија „Синовак“ е ефикасна во 78 отсто од случаите, покажаа резултатите од испитувањето во Бразил.

Во испитувањето учествуваа над 12.000 здравствени работници, од кои 169 примиле плацебо. Кај испитаниците не се забележани негативни нус појави.

Властите во бразилската сојузна држава Сао Паоло набавија вакцини од „Синовак“ и бараат од федералните власти итно одобрување за нејзина употреба. Државата Сао Паоло со 46 милионско население планира да почне вакцинација на 25 јануари.

Кинеската компанија „Синофарм“ минатата недела објави дека нејзината вакцина против ковид-19 е ефикасна во околу 79 отсто од случаите.

Во Бразил од последици од новиот коронавирус починаа речиси 200.000 луѓе, со што земјата е на второ место по смртни случаи во светот, по САД, каде починаа околу 360.000 лица.

И Турција минатиот месец ја испитуваше вакцината на „Синовак“, при што се покажа ефикасна во над 90 проценти.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.01.2021 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега