„Ќе бидете кренати во воздух“ – евакуирана зградата на градското собрание на Подгорица

Зградата на Собранието во Подгорица, Црна Гора е евакуирана, откако работник пронашол порака со текст „Ќе бидете кренати во воздух“, пренесува „Вијести“.

Полицијата е на лице место и врши антитерористички проверки, а пристигнуваат и екипи на Итната помош. 

Чувар во таа зграда пред 19 часот пронашол белешка со порака дека ќе бидат кренати во воздух.

Во тек е евакуација на објектот.

28.02.2023 - 19:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега