Ќе гори „Драгао“: 50.000 навивачи ќе го гледаат мечот меѓу Португалија и Македонија
Португалската репрезентација преку социјалните мрежи потврди дека сите билети за мечот од финалето на баражот за пласман на Светско првенство (СП) се распродадени.
Тоа значи дека дури 50.000 навивачи ќе го гледаат мечот во живо на 29 март, вторник.
„РАСПРОДАДЕНО! Стадионот ‘Драгао’ ќе има 50 илјади најдобри навивачи во светот кои ја поддржуваат нашата репрезентација!“, соопштија Португалците.
25.03.2022 - 21:23
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа