Ќе одговара за убиство: Четири пати го прегазила со автомобилот и си заминала
Синзија Дал Пино, 65-годишна бизнисменка од тосканскиот град Виареџо, беше ставена во домашен притвор под обвинение за убиство бидејќи четири пати го прегази 47-годишниот алжирски државјанин Саид Макун со својот автомобил во неделата навечер и побегна од местото на настанот. Макун почина по нападот.
Истражниот судија во средата го потврди апсењето. Обвинителите побараа притвор додека нејзиниот адвокат бараше ослободување од притвор.
Дал Пино е обвинета дека намерно го удрила Малкун со нејзиниот автомобил откако тој и ја украл чантата. Извори од истрагата велат дека на снимката од продавницата на патот пред несреќата се гледа дека жената намерно го удрила мажот кој се движел по тротоарот, а потоа уште три пати го прегазила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа