Ќе се стемнува после 19 часот - подгответе се за летното сметање на времето

На крајот на март почнува летното сметање на времето. Годинава тоа ќе биде на 31 март во 2 часот по полноќ, кога часовниците се поместуваат еден час понапред, односно од 2 на 3 часот. Летното сметање на времето ќе биде на сила до 27 октомври, во 3 часот.

Добрата страна е што денот ќе трае 1 час повеќе, односно ќе се стемнува многу подоцна. На крајот на март и пред 19 часот ќе имаме дневна светлина а кога ќе дојде јуни, тоа ќе биде и до 20 часот.

Преминувањето на летно и зимско сметање на времето за првпат е направено во 1916 година, во земјите на северот на Европа, поради заштеда на енергија, додека во Македонија, како дел од поранешна Југославија е воведено на 27 март 1983 година.

 

08.03.2024 - 09:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега