Кличко: Десетмина повредени во руски ракетен напад врз Киев

 

Десет лица се повредени во синоќешниот руски ракетен напад врз Киев, соопшти градоначалникот на главниот град на Украина, Виталиј Кличко.

Тој на апликацијата Телеграм напиша дека е причинета штета на згради, дека во областа Подолск остатоци од ракета паднале врз неколку фирми, а во населбата Шевченко гори стан во станбена зграда.

Воената управа на Киев соопшти дека во областа Свјатошински се искршени стакла на зграда, а како последица на нападот избувнал пожар во градинка во областа Шевченко.

Според првичните информации, се запалиле и автомобили.

„Во областа Подолск, како резултат на паѓање на ракетни остатоци, избувна пожар во трансформаторска станица и во двокатна нестанбена зграда“, информира Кличко.

Руските сили лансирале ракети од стратешките бомбардери Ту-95 за време на нападот, а во Киев и околните области се слушале силни експлозии.

21.03.2024 - 11:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега