Клиника за Онкологија: Напорно се работи за да пристигнат дефицитарните лекови
Напорно се работи за да пристигнат дефицитарните лекови, информираат денеска од Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО).
- Постапката е завршена од страна на ЈЗУ УК за радиотерапија и онкологија. Управна контрола во Бирото за јавни набавки е завршена во рекорден рок. Моментално тече рокот за жалби и предметот на јавна набавка во моментот е во Државната комисија за жалби по јавни набавки, појаснуваат од клиниката.
Истакнуваат дека тимот за јавни набавки на оваа клиника напорно работи да ги заврши сите процедури во најбрз можен рок, за да може да се попишат договорите со дистрибутерите и лековите да се достават на клиниката до крајот на неделава.
Од клиниката за МИА појаснуваат дека во постапка се вкупно 40-тина ставки, вклучувајќи ги и оние што моментално се дефицитарни.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа