Клои Кардашијан доживеа уште еден шок: Тристан повторно призна дека ја изневери, но и дека имал дете со друга
Тристан Томпсон, поранешното момче на Клои Кардашијан, призна на јавноста дека е татко на дете кое го родила Марали Николс, неговиот личен тренер.
Вистината ја обелодени за јавноста преку приказна објавена на Инстаграм, каде низ две фотографии објаснува за направеното. Признанието на Томпсон дојде откако направи тест за утврдување на татковство.
„Денеска резултатот од тестот за татковство покажа дека сум татко на детето Марали Николс. Ја преземам целосната одговорност за моите постапки. Сега кога татковството е утврдено, се радувам на заедничкото пријателско воспитување на нашиот син. Искрено им се извинувам на сите што ги повредив и разочарав, и јавно и приватно“, напишал Томпсон и ѝ се извинил на ријалити ѕвездата Клои Кардашијан во специјална „приказна“ на Инстаграм.
„Клои, ти не го заслужуваш ова. Не го заслужуваш скршеното срце и понижувањето што ти го нанесов. Не заслужуваш да те третираат онака како што јас се однесував со тебе со години. Моите постапки секако не се во согласност со тоа како јас те гледам. Чувствувам голема почит и љубов кон тебе. Без разлика што ти можеби мислиш. Повторувам, многу, многу ми е жал“, напишал Тристан Томпсон.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа