Коцевски во Детектор: Не чека жешка пролет - ќе има многу апсење
Жешка пролет најавува првиот човек на државното Јавно обвинителство, Љупчо Коцевски. Во гостувањето во „Детектор“ на ТВ Сител вчера, Коцевски најави дека до средина од годинава ќе има навистина многу процеси кои ќе ја сменат перцепцијата на јавноста за работата на Јавното обвинтиелство.
„Можам жаргонски да речам, не очекува жешка пролет во однос на работата на ЈО, ќе има доста предмети кои што ќе бидат во интерес на јавноста. ЈО и покрај ваквиот капацитет работи навистина и повеќе од што треба и верувајте дека ќе има успех и можам да ветам дека некаде таму до средината на оваа година ќе има навистина многу процеси, во однос на јавните обвинители ќе се донесе јавно обвинителска одлука и во однос на граѓаните, секако дека перцепцијата ќе се зголеми“ – рече Коцевски во „Детектор“
Следува жешка пролет со многу истраги и обвиненија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа