Кога ќе ви остане само бајат леб - како да биде „како нов“ за само 5 минути?
Ова е многу едноставен и делотворен трик поради кој ќе имате голема заштеда, бидејќи често се случува бајатиот, стар леб да го фрлиме.
Значи, стариот леб ставете го под млаз вода од чешма, додека малку не се навлажни, а потоа ставете го во загреана рерна на околу 180 степени. Оставете го така неколку минути.
Ќе добиете свеж леб со крцкава кора. Доколку лебот веќе е начнат, водете сметка тој дел да не дојде во допир со вода, бидејќи трикот нема да ви успее.
Се разбира, никогаш не заборавајте лебот да го чувате во хартиена кеса, за да ја зачува својата свежина.
18.01.2021 - 18:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа