Кој би помислил? Караниците се добар знак за среќен брак
Дали сте некогаш помислиле дека караниците можат да бидат добар знак за вашата врска? Ново истражување покажа дека паровите кои отворено разговараат за своите проблеми, дури и ако тоа значи подигање на тон, имаат поголеми шанси за долготрајна и среќна врска од оние кои ги кријат своите чувства.
Во истражувањето учествувале 121 пар, на возраст меѓу 30 и 70 години, со брачен стаж меѓу 9 и 42 години.
Претходните истражувања покажаа дека луѓето кои се расправаат со партнерот имаат десет пати повеќе шанси за добар, среќен брак од оние кои проблемите ги кријат под тепих.
Научниците советуваат дека караниците се добри, но треба да бирате околу што се карате.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа