Кој е Азир Алиу - Новиот министер за здравство на Македонија

 

Со 65 гласа ЗА од вкупно 80 пратеници кои гласаа, Азир Алиу стана новиот министер за здравство на Македонија. 

Тој положи и потпиша свечена заклетва во текот на вчерашната седница во Собранието, а пратениците го поздравија со аплауз.

Алиу е македонски професор по современи науки и технологии, специјализиран во области како криптографија, кибербезбедност, блокчеин технологии и машинско учење. Тој е поранешен професор на Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово. Од вчера, 9 јуни 2025, ја вршни функцијата министер за здравство од редовите на ВРЕДИ.

Роден е на 15 април во Гостивар, дипломиран инженер по електротехника. Дипломирал на Електротехничкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде и магистрирал електротехника.

Неговото професионално искуство е збогатено и со членството во Националниот комитет за претприемништво и иновации, каде членувал од 2013 година до 2017 година, период во кој бил и советник за високо образование на претседателот на владата на Македонија. 

Автор е и ко-автор на повеќе научни трудови, а неговата научно-истражувачка работа се фокусира на интелигентни системи, анализа на сигнали и мулти-резолуциони слики, обработка на медицински слики и препознавање на облици, машинско учење и паралелно програмирање.

Од вчера, 9 јуни 2025 година е новиот министер за здравство во кабинетот на Христијан Мицкоски од редовите на ВРЕДИ, по оставката на Арбен Таравари.

 

10.06.2025 - 08:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега