Која беше македонската инфлуенсерка која несреќно почина?

 

Информацијата за смртта Македонката Маја Јанеска (Маја Миа) од Охрид, одекна со брзината на светлината.

Таа пред неколку денови беше во посета на земјава, па овдешната поширока јавност првпат слушна за инфлуенсерката и мејкап артиската, која околу 22 години живеела во Танзанија и Јужна Африка.

Која беше Јанеска?

Според информациите кои за нејзе можат да се најдат на нејзините профили на социјалните мрежи, на интернет и тие што ги сподели Универзитетот АУЕ-ФОН, каде пред неколку дена пред студентите држеше мотивациски говор, од Македонија во Африка заминала на 19-годишна возраст.Освен познати личности од Африка, таа соработувала и со светски познати ѕвезди, како Кајли Џенер и Ким Кардашијан.Продолжува со едукативни видеа за шмикање и стајлинг на нејзините профили на Инстаграм, Фејсбук и Јутјуб, на кои ја следат повеќе од 1,2 милиони следбеници.

Имаше и своја линија за шминка во соработка со светскиот бренд Анастасија Беверли Хилс.Имала и сопствена компанија за бизнис со руда, нафта, гас, лотарија, пакување тутун и трговија со други стоки.

Зошто била во Македонија?

Таа пред неколку денови беше во Македонија заедно со бизнисмени од Јужна Африка за воспоставување дипломатска, образовна и економска соработка меѓу Македонија и африканските земји, а на Универзитетот АУЕ – ФОН одржа мотивациски говор пред студентите.

На социјалните мрежи објави и фотографии со актуелни и поранешни македонски политичари.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Maya Mia (@maya_mia_y)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Maya Mia (@maya_mia_y)

05.12.2022 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега