Која сендвичара во Скопје има најскап хамбургер

Инфлацијата очекувано ги покачи цените на сите производи а со тоа поскапа станува и брзата храна. Во Скопје има неколку квалитетни фаст фуд ресторани па правиме преглед на цените на храната што тие ја нудат. Ќе се обидеме да провериме каде има најевтин хамбургер.
Седмица секако е најпозната сендвичара не само во Скопје туку и во Македонија. Од вчера таму еден хамбургер чини 200 денари.
180 денари е обичниот бургер во Бејкинг Бред, уште еден фаст фуд ресторан омилен на скопјани. Но, овој бургер нема помфрит за кој дополнително треба да платите уште 40 денари, што значи комплетот ќе ве чини околу 220 денари.
Во Ројал Бургер еден обичен хамбургер чини 140 денари. На оваа сума за помфрит ќе треба да доплатите уште 45 денари што значи комплетот ви е 185 денари.
КФЦ не прави плескавици а најевтиниот сендвич пилешки чиз во мени со помфрит и кока кола чини 230 денари.
Во Бургер Слат хамбургер со помфрит чини 190 денари.
Сендвичарата Тетекс продава Хамбургер со помфрит за 170 денари.
Во Гранд Бургер класчиниот хамбургер чини 135 денари а за помфрит се доплаќа уште 45 денари што значи дека комплетот чини 180 денари

Цена на хамбургер (бургер + помфрит)
Седмица – 200 ден

Бејкинг Бред – 220 ден
Ројал Бургер – 185 ден
Бургер Слат – 190 ден
Тетекс бургер – 170 ден
Гранд Бургер – 180 ден

28.09.2022 - 12:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа