Кока-кола презема екстремни мерки: Повлекува 28 милиони шишиња во Европа

 


Компанијата Кока-кола е принудена да повлече 28 милиони пластични шишиња од пазарот.

Производителите откриле дека поради техничка грешка во производството, одредени шишиња од брендовите Кока-кола, Фанта, Спрајт и Мецомикс може да содржат мали метални парчиња.

Според компанијата, иако не сите шишиња се контаминирани, како претпазна мерка се препорачува на потрошувачите да ги вратат сите шишиња со рок на употреба до 4 февруари или 12 април 2025 година.

24.10.2024 - 17:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега