Колку ќе платите казна ако од 1 јануари ве фатат со возачка дозвола со „Република Македонија“

На 1 јануари престануваат да важат возачките дозволи со „Република Македонија“ и возачите имаат обврска до тогаш да ги променат доколку сакаат да управуваат моторно возило.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски вели дека полицијата ќе ги казнува возачите кои ќе возат со старите дозволи. 

Во гостување на ТВ21 Тошковски вели дека во моментот нема гужви и нема проблем да се извади дозвола со новото уставно име.

„Се надевам дека нема да дојдеме до таква ситуација, повторно ќе упатам апел да си ги променат возачките за да ги запазиме законско утврдените роковите за промена на возачките дозволи со уставното име. Максимално ќе апелираме сите услуги потребни, од аспект на капацитет ги имаме обезбедено, нема гужви, ги имаме обрасците, може да се закаже од ден за ден“, рече Тошковски.

Што вели Законот?

Доколку полициски службеници Ве фатат со стара возачка дозвола ќе добиете прекршочен платен налог и парична казна од 100 евра. Така предвидува Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата.

 

04.10.2024 - 10:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега