Конфискуваните возила од пијани возачи Латвија ќе ѝ ги испраќа на украинската армија

 

 

Латвија сака да ѝ ги испраќа возилата запленети од пијани возачи на украинската армија откога новата коалициска влада го одобри овој потег минатата недела.

Идејата првично произлезе од летонското социјално движење познато како „Твитер-конвој/НВО-агендум“, соопшти Министерството за финансии на земјата, кое веќе испорача повеќе од 1.000 автомобили на украинската војска.

Предлогот следува по промената на кривичниот законик на Латвија кон крајот на минатата година, со што се заострени казните за возење во пијана состојба.

Според новиот закон, државата може да им го одземе возилото на оние возачи што имаат повеќе од 1,5 промил алкохол во крвта.

Запленетите возила потоа ќе бидат проследени до Државната даночна управа, која во истиот момент ги става на аукција.

Но, според новиот предлог, тие сега би се испраќале во Украина.

20.02.2023 - 23:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега