Конфликт меѓу човекот и природата: Зимбабве планира убивање на слонови за да се нахрани населението


Зимбабве разгледува можност за убивање на илјадници слонови за да се ублажи гладот во земјата, потврди портпаролот на Управата за паркови и диви животни, Тинаше Фараво. Оваа мерка доаѓа во време кога речиси половина од населението се соочува со акутна криза со храна.

Фараво истакнува дека популацијата на слонови во земјата значително го надминува капацитетот на природните живеалишта, што доведува до конфликти со луѓето кои се натпреваруваат за ограничените ресурси. Министерката за животна средина, Ситембисо Њони, го потврди овој став и додаде дека прекумерниот број на слонови предизвикува недостаток на храна и вода, што пак, резултира со чести судири меѓу дивите животни и луѓето.

Инспирирана од слична одлука на Намибија, Зимбабве планира да убие дел од слоновите и да го дистрибуира нивното месо на населението кое страда од глад. Намибија веќе отстрела над 150 животни и подели над 50.000 килограми месо на своите граѓани.

18.09.2024 - 15:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега