Коњановски: На вториот повик за аплицирање Битола е лидер со 65 проекти - градот ќе добие нов лик

 

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел-дискусијата – 4 години инвестиции во инфраструктурата, имаше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој истакна дека Битола не е слепо црево како во минатото, со тоа што сега се гради забрзано, се вложува во инфраструктурата, со изградба на влезот на Битола, комплетна инфраструктура со пешачки и велосипедски патеки и нова обиколница во индустрискиот дел-улицата „Бурса“.

„Битола во изминатиот четири годишен период е навистина едно огромно градилиште. Не е повеќе слепо црево како во минатото. Влезот во Битола го правиме, едно велелепно булеварско решение, првата третина е веќе при завршување првите 800 метри, булеварско решение со сите стандарди, со комплетна инфраструктура со пешачки патеки, со велосипедски патеки, градот веќе има сосема друг лик и во тој однос. Во делот на инфраструктурата имаме откочување на еден процес којшто беше заглавен и еден кредит којшто беше заборавен за обиколницата Бурса или индустриска која ќе ја поврзува Битола со грчката граница и ќе имаме еден паралелен пат“, рече Коњановски.

Градоначалникот Коњановски истакна дека со вториот повик за аплицирање Битола е лидер со 65 проекти со кои ќе се менува структурата на градот и ќе се добие нов лик.

„Би сакал да ја потенцирам огромната поддршка којашто ја имавме во делот на унгарскиот кредит од Владата, никогаш сме немале таква финансиска поддршка, со овие два повици Битола има повеќе од 15 милиони евра, тоа ни даде поттик да работиме на проекти кои сега ги имаме. Битола во вториот повик е лидер со 65 проекти, ја менуваме структурата на градовите, Битола е староградско јадро, ја менуваме водоводната инфраструктура, преку 50 км улици се направени овие 4 години, градежен бум имаме во секој град не само во Битола“, вели Коњановски.

24.08.2025 - 12:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега