Косовски државјанин со „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки фатен со 10 мигранти близу Богородица
Вчера во 16.15 часот во близина на с.Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица го лишиле од слобода У.Х.(61) од Косово.
При преглед во возилото „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 10 лица мигранти од Сирија.
Мигрантите и возилото биле пренесени во прифатно - транзитен центар „Винојуг“ за понатамошна постапка. У.Х. бил задржан во Полициската станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
14.11.2024 - 09:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа